Игор Стефановски Иџе го освои третото место, на втората трка, која денеска се возеше на патеката во Вила Реал во Португалија. Најдобриот македонски автомобилист се искачи на пиедесталот, иако трката се возеше само неколку кругови.
Поради излетување на еден од натпреварувачите, втората трка во Португалија се возеше само два круга, а потоа со безбедносно возило беа извозени уште четири круга, за да потоа организаторот реши да означи крај на трката.
Во тие моменти Иџе беше на третото место, што беше доволно да се најде на пиедесталот. По првата трка, Иџе заврши на четвтото место.
Со освоените бодови овој викенд, во генералниот пласман Иџе сега има 41 поени, што е доволно за четвртото место. Интересно е што Унгарецот Наѓ е пред него со само еден бод повеќе, додека Шрајбер е втор во генералниот пласман со 44 поени. Засега убедлив лидер е Фулин со 57 бодови.
До крајот на шампионатот остануваат уште два викенда. Две трки ќе се возат во Белгија, а финалето е на патеката во Чешка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст