Владата на Република Македонија донесе одлука да стопира со исплаќање на средствата предвидени за невладините организации. Тие со оваа одлука ја доведоа во прашање иднината на многу невладини организации и здруженија на граѓани. Еден од најпогодените е Сојузот на Македонците со исламска религија.
Сојузот на Македонци со исламска религија најостро искажува протест за одлуката на Владата на Република Македонија предводена од СДСМ, со која се запира реализацијата на одлуката за финансиска поддршка на невладини организации и начинот на презентирање во јавноста, во изјава за Курир вели претседателот на сојузот, Љатиф Пајкоски.
-Сојузот на Македонци со исламска религија не е шверцерско здружение формирано само за одредена цел , туку организација која е формирана во далечната 1976 година, со единствена цел за осознавање, целосно интегрирање на ова население во матичниот македонски народ, како и заштите и унапредување на културните и националните вредности во населените места. Во изминатите неколку децении постоеење, сојузот има реализирано стотици важни проекти од културно-научни средби, културно забавни активности, научни дебати, настапи, посети на Македонци во соседните држави и многу други значани активности, изјави Пајкоски за Курир.
Тој спомена неколку успешни проекти кои ги реализирано здружението и изрази надеж дека Владата сепак ќе ја промени оваа одлука.
-Во изминатите неколку децении постоеење, сојузот има реализирано стотици важни проекти од културно-научни средби, културно забавни активности, научни дебати, настапи, посети на Македонци во соседните држави и многу други значани активности. Тука сакаме да ја спомнеме научната дебата организирана минатата година од страна на МАНУ, сојузот и комисијата за односи со верските заедници на тема интегрирање на Македонците со исламска религија. Сепак сакаме да веруваме дека оваа Влада брзо ќе ја промени одлуката, барем што се однесува на нашето здружение на нашето здружение и ќе овозможи реализација на проектот за помагање на триесетина невладини организации во населените места каде живеат Македонците со исламска религија. Во спротивно ќе сметаме дека некој со крајна намера сака процесот на интегрирање да биде запрен и ова население да остане на ветрометина и да служи како монета за подкусурување, со што ќе се историска грешка, чии последици се далекусежни во македонските национални интереси, изјави Пајкоски.
Тој кажа дека секако потребна е брза реакција од Владата на Република Македонија и поради роковите предвидени во потпишаниот договор, како и потребите на овие луѓе за секојдневните активности.
-Оваа прилика сакаме и уште да искажеме револт на одлуката на премиерот Зоран Заев, да не најде место за ниту еден претставник од ова население да се постави во извршната власт, иако знае дека членови и симпатизери на СДСМ, има многу квалитетни и високообразовани кадри од редот на Македонците во Исламска религија, изјави Пајкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст