Заради кибер-напад на системот на британскиот парламент пратениците не успеваат да ги отворат електронските пораки кога не се во Вестминстер, пренесуваат британските медиуми.
„Телеграф“ пишува дека пратениците биле предупредени дека мејлловите им се хакирани во петок и нема да можат да ги употребуваат.
Пратеникот од либералдеморатската партија во Домот на Лордови Крис Ренард твитна: „Кибер-папад врз Вестминстер, имејловите на пратениците не функционираат од надвор, итни пораки праќајте преку СМС“.
БиБиСи пренесе дека претставничкиот дом потврдиле дека Парламентот открил неавторизиран обид за приостап кон поштата на пратениците. Истрагата продолжува и се преземаат мерки за да се осигура работата на компјутерските мрежи кои се поврзани со државниот центар за кибер-безбедност.
Претходно заради кибер-напад на интернетскиот систем на британската национална здравствена служба се создаде хаос во кој сите болници беа приморани да ги пренасочат сите итни случаи, да се откажуваат бројни закажани прегледи и се повикуваа пациентите да доаѓаат во болница само ако се работи за итни случаи.
Докторите и медицинскиот персонал користеа моливи и хартија , како и сопствените мобилни телефони, за да ги регистрираат пациентите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст