| четврток, 6 декември 2018 |

Заев ќе ревидира учебници, Бугарите редат вицови за Македонците: „Кога ќе избањаш Македонец, ќе добиеш чист Бугарин“

Зоран Заев ја предаде македонската историја на Бугарите и вети ревидирање на учебниците по историја која ќе ја изучуваат Македончињата. Во име на „добрососедството“ и „европската иднина“ ја обвини својата земја ни народ за национализам, софиските весници си ја тераат антимакедонската агенда. Македонија ќе ги ревидира учебниците по историја, Бугарите ги засилуваат „вицовите“ за Македонците.

Иако платеничката армија од заевиот медиумски клан се обидува да го „испере“ овој негов непромислен чекор, Бугарите секојдневно се „насладуваат“ со свежи вицеви за „простите, глупи“ Македонци и за „лесните“ Македонки, за кои има и посебни страници и рубрики.

Така, во едно интернет издание на бугарски весник, може да прочитате дека „кога ќе избањаш Македонец, ќе добиеш чист Бугарин“, или дека скопјанките во Софија се „онадувале“ без запирање, бидејќи не знаеле како на бугарски се вика „запри“, или вицови за македонски херои.

Прашање е дали во оваа новосоздадена македонска коректност за која се залага заевиот клан од македонската понова историја ќе бидат избришани и вицовите за „две червени“?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top