Еден од можните кандидати за премиер на Косово Рамуш Харадинај тврди дека обезбедил мнозинство од 61 пратеник за формирање влада. Тој истакна дека не станува збор за трговија со пратеници и оти се е засновано на „почитување на слободната волја“.
-Ситуацијата не е онаква како што се презентира во медиумите. Во овој случај јас се претставувам себеси, Алијансата и коалицијата. Тоа значи дека имам право да преговарам и пратиите кои преговараат со мене, немаат причина да преговараат со некој друг- ја пренесува „Kоха“ изјавата на Харадинај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.