| четврток, 6 декември 2018 |

Колинда беше ѕвезда на инагурацијата на Вучиќ-не носеше црвен фустан, ама донесе подарок за Тамара!

Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ предизвика најголемо внимание на инагурацијата на Александар Вучиќ. Таа во палатата не се појави во црвен фустан, кој е нејзин заштитен знак, туку во дречливо розе фустан, а после честитките за Вучиќ, од торбата извадила подарок спакуван во црвена кутија.

И честитала на Тамара Вучиќ, а потоа и ја дала кутијата со подарок. Од усните на Колинда можело да се прочита „да го носи со здравје“, па се претпоставува дека станува збор за подарок за синот на престедателот, Вукан, кој се роди пред неколку дена.

Освен тоа поедини гости спомнувале дека хрватската претседателка подарила чоколади.

-Дојдов со голема радост и голема надеж. Сакам денеска да биде пресвртница и нов чекор во односите со Србија и Хрватска- изјавила Грабар Китаровиќ и додала дека се надева на подобри односи меѓу Србија и Хрватска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top