| четврток, 6 декември 2018 |

Не смее никој да го бакне, ќе разговара кратко со гостите: Церемонија за инаугурација на Александар Вучиќ за претседател

Во Палатата Србија во тек е ракувањето со гостите , поканети на прогласувањето на Александар Вучиќ за претседатле
на Србија. Меѓу четирите илјади гости , државници , премиери и претставници на држави и влади , е и Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов. Најголемо медиумско внимание привлече доаѓањето на претседателката на Хрватска , Колинда Грабар Китаровиќ .

Нејзиниот словенечки колега , Борут Пахор , иако најавен , во последен момент го откажал доаѓањето . По ракувањето со Вучиќ , гостите ќе имаат заедничко фотографирање, по што следува културно уметничката програма .

Пред тоа ќе се одвива централната церемонија со интонирање на химната и говорот на Вучиќ . Палатата ,,Србија “ e претворена во своевиден музеј , каде гостите шетајќи низ павилјоните ќе може не само да се запознаат со културата , туку и да дегустираат храна и пилајоци од секој дел на Србија .

Досегашниот претседател , Томислав Николиќ , во изјава за медиумите му порача на Вучиќ да биде подобар претседател од него . Улиците на Белград се пусти поради сообраќајниот режим , освен демонстрациите во центарот на градот организирани од движењето ,,Против диктатура “, меѓу кои има и пратеници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top