| четврток, 6 декември 2018 |

Предупредување: Доаѓа силен топлотен бран

Жолтата фаза во која земјата невлезе денеска, ќе трае до крајот на овој месец, велат метеоролозите. Од Хидрометеоролошкиот завод нагласија дека вистинскиот тропски топлотен бран се очекува да дојде од вторник следната недела, кога температурите ќе бидат над 38 степени Целзиусови.

Од Брза помош велат дека и покрај топлото време, досега немало итен случај каде некој настрадал од високи температури и додаваат дека во наредниот период се очекува да се зголеми бројот на пациенти.

Од брзата помош велат дека децата најлошо го доживуваат топлиот летен период бидејќи брзо дехидрираат поради брзото испарување и потење. Затоа се препорачува да консумираат што повеќе течности. Лекарите препорачуваат да се внимава на личната хигиена, да се консумира многу лесна храна и да се носи лесна облека со светли бои.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top