| четврток, 6 декември 2018 |

Град Скопје: Кружниот тек во Кисела Вода нема да ги затвори улиците

Со изградбата на кружен тек на булевар „Србија“ во Кисела Вода нема да се затвораат улици и никој од граѓаните нема да остане без пристап до својот дом, соопшти Град Скопје како одговор на шпекулациите дека граѓаните стравуваат дека ќе останат без пристап до своите домови.

„Сакаме да ја информираме јавноста дека изградбата на овој проект се одвива согласно со сите законски прописи и се испочитувани сите законски одредби, од проектирањето до изведбата. Дополнително, Градот Скопје целосно ја отфрла шпекулацијата дека со реализацијата на овој проект, на одредени лица ќе им биде оневозможен пристап до нивните домови и навистина не знаеме од каде произлегуваат овие шпекулации“, соопшти Град Скопје.

Од таму апелираат до жителите на оваа локација да не веруваат во разните невистинити инфирмации коишто циркулираат во јавноста и за сите информации да се обратат до Градот Скопје и Општина Кисела Вода.

Со овој проект Градот Скопје врши проширување и реконструкција на булеварот „Србија“ од кружниот тек кај Цементара до улицата „Христо Татарчев“, а на крајот од овој булевар ќе се изгради нов кружен тек меѓу бул. „Србија”, ул. „Христо Татарчев” и ул. „Христо Татарчев крак 2″.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top