| четврток, 6 декември 2018 |

Како Ким Кардашијан заработи 14 милиони долари?

Ким Кардашијан ја лансираше козметичката линија „KKW Beauty“, а во рекорден рок се распродадени сите 300 000 производи за контурирање.

Овој момент го чекаа девојките ширум светот, со оглед на тоа дека Кардашијан лансира своја козметичка линија.

Со овој потег и стана конкуренција на својата помлада сестра Кајли Џенер која пред две години лансираше козметичка линија.

Козметиката пламна веднаш откако е пуштена во продажба, а Ким за неколку минути заработила дури 14 милиони долари.

Во нејзината козметичка линија преовладуваат беж нијанси, а се шпекулира дека ова е само почеток, како и дека Ким планира да лансира нови производи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top