Вечерва во 19 часот ќе бидат одредени групите за ЕП 2018, а Македонија е во вториот шешир и за противник може да го добие домаќинот Хрватска. Поранешниот предводник на „Црвено-жолтите”, Лино Червар, изјави дека не сака Хрватска да ја добие Македонија на денешната ждрепка за Европското првенство
– Можеме да говориме за тоа како би било добро да ги одбегнеме селекциите од Скандинавија, оваа или онаа репрезентација…Сите противници се силни. Наша цел е да стигнеме до златото, па порано или подоцна ќе треба да ги победиме сите. Имам само една желба, да не ми се падне мојата Македонија, изјавил Червар за хрватските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.