| четврток, 6 декември 2018 |

Топлото време ќе го испие виното

Топлото време ќе овозможи поволни услови за развој, пред се на пролетните култури на кои во овој период, покрај вода, потребни им се и повисоки температури, а позитивно ќе влијае и врз есенската пченица која зависно од локацијата и кога е посеана, е во фаза од млечна до восочна зрелост, велат агрометеоролозите.

Поради развој на болести, чувствителна е виновата лоза која е во фаза на формирање бобици.

– Топлото и сончево време позитивно влијае и врз појавата на инсекти и штетници кај овошките, окопните и градинарските култури, а може да се искористи за прибирање на родот од јачменот, кој на некои места веќе е почнат, наведува Секторот за агрометеорологија на УХМР.

Во наредниот период се очекува претежно стабилно и топло време со поумерени дневни температури над 30 степени, а долж Повардарието до 35. Услови за нестабилност има само во сабота и во понеделник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top