Британската кралица Елизабета Втора била пријавена во полиција во Западен Јоркшир, бидејќи, како што се тврди, немала врзан појас кога со своето службено возило доаѓала во Парламентот.
Лицето кое се јавило во полиција тврди дека кралицата не била врзана со појас додека се возела низ Лондон, пренесува БиБиСи.
Полицијата ја потврдила пријавата на својот профил на Твитер, додавајќи хаштагови во кои нагласува дека тоа не е за полицијата и дека не е во надлежност на Западен Јоркшир.
Според британскиот Закон, против кралицата не може да бидат отворени граѓански и кривични постапки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Трагедија во кралското семејство: Кралицата Елизабета очајна, неговата смрт ја дотепа!