Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието на Република Македонија остварија средба со родителите на деца со посебни потреби од граѓанската иницијатаива „5 до 12“.
На средбата со родителите на лицата со посебни потреби присуствуваа пратениците, Антонио Милошоски, Трајчо Димков, Даниела Рангелова, Лилјана Затуроска, Јохан Тарчуловски и Сашо Василевски.
Ова веќе претставува втора средба на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ со претставниците од оваа категорија на граѓани.
Тие беа запознаени од страна на пратениците дека на последната седница на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се донесени соодветни заклучоци и се задолжија ресорните министерства и сите други инволвирани институции за постапување и изнаоѓање соодветни решенија на нивните барања.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека процесот за унапредување и подобрување на нивните барања ќе продолжи и понатаму, воедно ја потенцираа поддршка од страна на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалцијата „За подобра Македонија“.
На состанокот се разгледуваа и конкретни решенија предложени од страна на родителите на лицата со посебни потреби, како и од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се со цел да се изнајдат заедничи решенија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст