| четврток, 6 декември 2018 |

Путин откри како станал агент на КГБ

Рускиот претседател Владимир Путин на средба со матурантите од средно воено училиште за старешини им открил дека кога одлучил да стане разузнувач дошол на пријавница во КГБ во Советскиот сојуз за да дознае како да стигне таму и зошто се премислил и не станал пилот.

-Зошто од улица отидов на пријавница во КГБ? Моето семејство беше работничко, немав врски. Каде да одам? Отидов директно на пријавница, рече Путин.

Според неговите зборови, таму го посоветувале првин да заврши факултет и да се стекне со правничко образование.

-Од тој момент, престанав да се занимавам со физика, хемија, математика. Едноставно престанав, рече Путин.

Шефот на државата додаде дека потоа се запишал на правен факултет. Тој во 1975 година завршил правен факултет на Ленинградскиот државен универзитет, по што крајот на седумдесеттите и почетокот на осумдесеттите години – завршил московска Висока школа на КГБ. Од 1985 до 1990 година Путин работел во Источна Германија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top