| четврток, 6 декември 2018 |

„Порше“ го стопираше производството поради поплавите

Производството на моделите на „Порше“, „кајен“ и „панамера“, денеска е стопирано поради поплавите низ Европа кои го оневозможија снабдувањето со делови.

Германската компанија утринава ги известила работниците од првата смена да не доаѓаат на работа бидејќи поплавите во Чешка ја оневозможија испораката на каросерии за моделот „кајен“, пренесува агенцијата „Блумберг“.

– Постои проблем со каросериите кои се произведуваат во фабриката на „Фолксваген“ во Братислава, а, исто така, и со возот што го врши транспортот низ Чешка во Лајпциг – изјавил портпаролот на „Порше“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top