| четврток, 6 декември 2018 |

Прламентарното мнозинство не може да обезбеди кворум за работа

По речиси еден месец работа, парламентарното мнозинство не можеше да обезбеди кворум за работа во четвртокот и да ја почне собраниската седница на која на дневен ред е изборот на замениците министри во новата Влада.

Почетокот на денешната седница на Собранието беше одложено и дебатата за новите заменици-министри не можеше да почне.

И претходно беше јасно дека ваквата распределба на мандатати во Собранието ќе предизвикува проблеми за обезбедување кворум за работа, имајќи го предвид тесното мнозинство што го има новата власт во парламентот.

Имено, од различни причини, поради патувања во странство како дел од собраниски комисии, болести и други спречености пратениците од парламентарното мозинство ќе отсуствуваат од пленарните седници. Покрај тоа, на рацете од една рака може да се избројат деновите кога челниците на ДУИ и на ДПА се појавуваат во Собранието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top