Во новиот број на неделникот „Република“ ќе читате:
Тирана, Софија, Атина…
Заев се пазари со националните интереси каде што ќе стигне
Средбата на Заев и на Борисов во Софија и најавите за потпишување „договор за добрососедство“ е само чекор плус кон целосно бришење на македонската историја и посебност. Нема друго логично објаснување за налудничавиот потег на Заев за безусловно прифаќање на барањата од нашиот источен сосед како услов за поддршката на тамошните власти за членство во ЕУ и во НАТО.
Заев го опиша денот како „Затворање на поглавјето на национализмот“, прифаќајќи ги обвинувањата дека Македонците се виновни за наметнатото отворено прашање за добрососедство со Бугарија. Секој нормален човек ќе се праша што точно затвора Заев? Ако договорот е историски, како што го најавува тој, бандитите од СДС и Соросовите медиуми, тогаш зошто се крие од македонската јавност? Зошто место да им се додворува на странците со навреди кон сопствениот народ, не застане пред Македонците како вистински лидер за да им ги соопшти „убавите вести“ од Софија? Кој му дал право да преговара и да распродава национални интереси сам, без претходна консултација со народот и со научната јавност?
Заев го истрча „кругот на предавникот“
Бугарите го добија македонскиот идентитет на тацна
На денот на свети Илија, симболот на македонскиот непокор, на Заев му е организирано да ги предаде македонскиот јазик, македонската историја, да се откаже од македонското наследство, од македонскиот народ и во Македонија и во соседството. Сета македонска историја е поврзана со тој свет ден и на тој ден е посакувано да заврши. Да се стави точка на 2 Август. Да не се слави, да се замрази, да се врзе со предавство, да буди срам, гадење, нагон за повраќање. Место национална гордост, 2 Август да биде чивија во ѓонот, која ќе боде на секој обид за исправање на „кичмата“.
Дипломатија базирана на лажен оптимизам
Колкава цена ќе платиме за НАТО и за ЕУ
Кога пред десетина дена авторот на овие редови во интервју преку „Скајп“ во за телевизијата „Нова“ кажа дека не би сакал да биде во кожата на премиерот Заев во поглед на очекувањата на народот за влез во НАТО и ЕУ доби сериозни критики (да не речам закани) од негови приврзаници и симпатизери, кои ваквиот став во оценија како нарачана вмровска атака на новата влада. За тие што го поддржуваат Заев, а не ги познаваат добро околностите во соседството, според првичните реакции од Атина и од Софија мојата анализа може да се смета за неточна. Заев во Софија и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во Атина беа пречекани коректно, од устите на Коѕијас и на Борисов течеше мед и млеко, а домашната антивмровска јавност е егзалтирана, небаре Македонија со едната нога е веќе во НАТО, а со другата први чекори од седум милји кон ЕУ. Но, реално, што, навистина, се случи и имаме ли причина да се радуваме на посетите на Софија и на Атина, како што се обидуваат да ни прикажат дел од медиумите и провладините креатори на јавното мислење?
Колумна на Ацо Станковски
Романса
-Знаеш, Ѕеко, од сите модернистички правци во уметноста кои се појавија со истoриската авангарда од Ла Манш, па до Урал, мислам дека надреализмот, иако се појави последен на сцената, дури во средината на дваесеттите години од минатиот век, сепак се покажа најдолговечен како естетски концепт, а со тоа, и најпророчки, capisci?!
-А? – Зеко отворил уста, а очите му блесакаат со инфантилно неразбирање. Кога Федерика одела во врвни лицеуми и колеџи, тој ‘ргал на нива. Училиштето како еден вид комунистички гулаг му беше одвратно, но трпеше. Беше надарен со невообичаен инает. Никој не можеше да излезе на крај со него во фамилијата. Подоцна овој инает се претвори во волја за моќ. Политиката го извади од аграрниот пеjзаж и му даде неверојатни, па дури и историски перспективи.
Три недели – триста скандали
Најзадолжената партија во Европа почна да ги враќа долговите
СДСМ, дефинитивно, најзадолжената партија во историјата на Европа, почна да ги враќа напластените долгови. Веројатно не е лесно да им се должи на толку многу „донатори“ и политички „лихвари“, но начинот на кој почна да ги враќа долговите покажува дека македонските политикантски коцкари се во многу „тесно“. Замислете ситуација, донаторите притискаат да го одработи добиеното, СДСМ е свесен дека за тоа му требаат години, а тие му даваат месеци? Не му е лесно на СДСМ, маката странска голема, а настрана што „дома“ има триста проблеми. Замислете само, држава не се водела толку лесно. Имало земјоделци, депонии, деца со посебни потреби, автопатишта што бараат пари за градба и министри со потреба од дообразование? А морало да се менува име и да се „задоволи“ прокиснатиот „чадор“, кој го донел таму каде што е? Таксират, макар сите „опозициски“ т.е. Соросови медиуми станале владини, а дел од другите ги притиснале СЈО, па смениле „бои“. Основниот проблем е што народот, кој милува да го нарекува стока, сепак, многу го потценил, многу
Животот во Македонија на краток синџир
Ако Скопје е Македонија, дисперзирани студии не ни се потребни
Како што тргнало, ќе почекаме новата влада да сфати дека реформите не се чкорче што веднаш се пали, брзо се распламтува и полека згаснува, а границите на Македонија го надминуваат скопскиот атар. Можност за високо образование заслужува секој, а запишувањето, текот на студирањето и трошоците во голема мера зависат од организирањето на државата. Државата го направи првиот чекор за да ги задржи младите во помалите градови да ја планираат иднината. Академските микросредини требаше да обезбедат економска преродба на македонските градови
Дали косовските и албанските граѓани треба да имаат исти цени за здравствените услуги како македонските граѓани?
Косовците и Албанците ќе се лекуваат во Македонија со намалени цени?
Точно е дека се размислува за одредено намалување на цените на здравствените услуги, до 20 проценти, како и за изработување посебни пакети за пациенти од други земји, кои во најголем дел се од Косово и од Албанија. Целта е нивно привлекување и промовирање на услугите во јавните здравствени установи во Република Македонија бидејќи сегашниот модел – странските државјани да плаќаат двојно повисоки цени, придонесува за нивно намерно пренасочување кон приватните здравствени установи – изјави Таравари за „Република“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст