ОМО „Илинден“- Пирин, во врска со средбата во Софија на премиерите на Македонија и на Бугарија, соопшти дека секогаш и искрено поддржувала воспоставување добрососедство меѓу двете земји на рамноправна, принципиелна и на пријателска основа, но дека за траен и успешен нов договор за добрососедство, освен посочените принципи, треба да биде вклучено и прашањата за македонското малцинство во Бугарија и за бугарското во Македонија.
ОМО „Илинден“- Пирин смета дека правата на овие две заедници треба да се регулираат на основа на меѓународните норми за правата на малцинствата (Рамковна конвенција за заштита правата на националните малцинства). Со тоа, според нив, малцинствата од повод за конфликти и недоверба ќе се претворат во мост за пријателство.
– Ја поздравуваме поддршката што Бугарија ѝ ја ветува на Македонија. Истовремено потсетуваме дека тоа е нешто што е нормално меѓу соседи, но претставува и враќање на големиот пријателски гест, на безусловното зелено светло што Македонија ѝ го даде на Бугарија за време на нејзината кандидатура за членство во ЕУ. Во таква смисла, поддршката од страна на Бугарија, исто така, треба да биде безусловна – се вели во соопштението.
ОМО „Илинден“ – Пирин укажува и дека историјата на Балканот, за жал, постојно служи како причина за поделби и за спротивставувања.
– Во таа насока многу добро звучи пораката на Бојко Борисов, историјата да се остави на историчарите, но, за жал, не гледаме тоа да се прави во Бугарија во однос на Македонија и на Македонците. Се надеваме дека сега има искрена желба таквата состојба да се промени и историјата, навистина, да се остави на историчарите, наведуваат од ОМО „Илинден“- Пирин.
Заедничкото чествување на датуми од историјата, според ОМО „Илинден“- Пирин, не е лоша идеја, но како што велат, во услови на продолжувачко отворено негирање на македонската нација и малцинство од страна на Бугарија, општите чествувања нема да бидат од корист, а ниту ќе послужат за зближување, туку само ќе ги продлабочат поделбите.
Иако ја разбираме желбата да се испраќаат „позитивни сигнали“ кон соседите од страна на владата во Македонија и се трудиме во таква смисла да ги интерпретираме изјавите за „заедничка историја“, сакаме да обрнеме внимание дека тие не се примаат во таква смисла, туку поскоро служат како охрабрување на најкрајните антимакедонски кругови во македонското соседство и само ќе ги зголемат апетитите за барање уште повеќе отстапки од Македонија, а со тоа и спротивно на очекувањата на македонската влада ќе го отежнат процесот на евроинтеграција на земјата, стои во соопштението.
Според ОМО „Илинден“-Пирин, ако сака вистинско зближување, Бугарија треба да почне да размислува за нова стратегија на отповикување на досегашната негаторска политика, која и вистинската и единствената причина за недоразбирањата меѓу двете држави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст