| четврток, 6 декември 2018 |

Собранието ќе ја продолжи петтата седница

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи петтата седница на која точка на дневен ред е изборот на заменици – министри на Владата.

Оваа точка по барање на пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ беше поместена како последна на дневниот ред на седницата со цел пратениците да имаат повеќе време да се подготват за дебата.

Пред да расправаат за изборот на заменици – министри, пратениците во македонското Собрание ќе ги разгледаат годишните извештаи на неколку институции, а ќе дебатираат и за граѓанската иницијатива за донесување на закон за изменување на Законот за работни односи со која се бара продолжување на породилното отсуство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top