| четврток, 6 декември 2018 |

Почина прегазеното девојче од Куманово

soobrakajna

Петнаесетгодишната кумановка Теодора Цветановска им подлегна на повредите откако пред четири дена беше прегазена со автомобил на тротоар чекајќи да помине на пешачки премин. Нејзината другарка, која, исто така, беше повредена и префрлена во Скопје, сега е во стабилна состојба и е на лекување во кумановската болница.

Кумановци со критики и со апели до несовесните возачи.
Пред неколку дена тука имаше сообракајка, девојчето починало, така што не е безбедно бидејќи возачите не се совесни, возат брзо и кога чекаш на семафор не можеш да поминеш од возила, вели анкетиран граѓанин.

Виновни се и возачите, но и пешаците, треба да бидат повнимателни и едните и другите, а се казнуваат само оние кои немаат врски во институциите, порача друга анкетиран граѓанин на Куманово.

Возачите не внимаваат и не ги почитуваат сообраќајните знаци, дополни третиот анкетиран граѓанин.

Сообракајната несреќа се случи на крстосницата меѓу булеварите Октомвриска револуција и Трета македонска бригада откако 25-годишен кумановец со БМВ удрил во „рено“ кое стоело на семафор, а од силниот удар „реното“ го прегазило 15-годишните девојчиња на тротоар.

На кумановецот Б.М. судот му одреди 30-дневен притвор, а се товари за предизвикување сообраќајна незгода со смртни последици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top