| четврток, 6 декември 2018 |

Маневски: Мандатот на СЈО завршува на 30 јуни, потоа не смее да води ни истражни постапки

Основањето на СЈО е дел на политички договор од Пржино и тоа е еден хибриден орган кој нема основа во Уставот и тој орган беше основан за излез од таа политичка криза за водење на одредени постапки за кривични дела во врска со незаконито прислушување на телефонските разговори и случаи кои произлегуваат од тие разговори, вели во гостувањето во Алфа телевизија поранешниот министер за правда Михајло Маневски.

-Тоа јавно обвинителство кое беше како наменски орган, хибриден орган, има опреден рок за вршење на тие работи за кои е основано. Според членот 22 од Законот за СЈО, јавниот обвинител кој раководи до Јавното обвинителство може да покрене обвинение илид а нареди запирање на истражна постапка во период не подолг од 18 месеци. Тоа значи дека времето на дејствување на тој специјален јавен обвинител е ограничено на 18 месеци, како што е договорено и наведено во членот 22, затоа што е проценето дека во овој временски период тоа ЈО ќе може да ги истражни сите незаконити телефонски прислушувани разговори и таму каде што ќе оцени дали постои или не одредено казниво дело да ја спроведе постапката. Тој рок изминува, треба да бидеме на чисто дека после 30 јуни тоа јавно обвинителство не може ниту да покренува ниту претходни, ниту истражни постапки, ниту да поднесува обвиненија против било кое лице, вели Маневски.

Тој додава дека рокот е строго утврден за СЈО и само во истиот може да се поднесуваат обвиненија или да се запре истрагата.

-Слушаме сега некои разни начини на кои тоа ЈО настојува да ја продолжи работата, па да се префрлело во ОЈО, што е крајно недопустливо или да може и понатаму да ги следи телефонските разговори и да покренува предистражни и истражни постапки. Тоа е незаконито и апсолутно недозволиво затоа што тоа јавно обвинителство веќе нема мандат да покренува било какви постапки против било кое лице, објаснува Маневски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top