| четврток, 6 декември 2018 |

Без непријатна тиштина: Никол Кидман налета на бившото момче Кравиц додека ја придружуваше сопругот

Се шушкаше дека Никол Кидман и Лени Кравиц биле тајно верени во периодот додека се забавувале меѓу 2003 и 2005 година. Меѓутоа кога актерката „налета“ на Кравиц на доделувањето на CMT наградите со сопругот Кит Урбан, немаше непријатности.

348736_20130605afprick-diamondnashvilledi005146791_f

45-годишната оскаровка просто блескаше на фотографиите меѓу двајцата мажи ( и двајцата се четирикратни освојувачи на „Греми“), а Кит и Лени се однесуваа мошне пријателски еден кон друг, дури и се прегрнаа.

348737_beta.2cdf6358_f

На доделувањето на наградите во Нешвил, Кравиц ја пееше „American Woman“, додека Урбан најавуваше една награда и имаше два настапи.
Во времето кога црвенокосата Австралијанка се забавуваше се Кравиц, и двајцата ги демантираа информациите за веридба, иако Никол носеше огромен дијамантски прстен на четвртиот прст. Наводно Лени нејзе и ја посветил песната „Lady”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top