Академската јавност жестоко реагира на опасните изјави на Заев од Софија, кој „испрати порака дека Македонија затварала едно поглавје на историја на национализам и на омраза“, па со леснотија вели дека ќе ги прилагоди учебниците „во новиот дух на соработка помеѓу двете држави“.
Универзитетската професорка Билјана Ванковска на својот профил на Фејсбук кометирајќи дека „ако на таткото Димитров не му успеа, синот е на добар пат да го оствари неговиот бугарофилски сон“, сподели постара колумна од универзитетскиот професор по кривично право во пензија Ѓорѓе Марјановиќ, кој за Димитар Димитров, Македонија, Бугарија ќе напише: „И конечно (иако не најмалу важно!), на софиската промоција, нашиот министер, д-р Димитров, демонстративно одбива преведувач (во духот на доктрината дека е нонсенс преведување од бугарски на бугарски). Притоа, не е јасно зошто воошто дозволил книгата да му се преведе на бугарски. Ако не ни треба преведувач кога зборуваме, уште помалу би требало да ни треба кога читаме. А и – што ќе им е преводот на тој национално просветителски трактат на Бугарите кога тие, според др Димитров, од неговата книга тешко дека ќе научат нешто ново за нашите заеднички предци, за кои најверојатно знаат повеќе од нас Македонците. А токму тука е неговата најголема грешка (Несвесна? Не верувам: Димитар може да сî обвини за сî, само не за глупост. Тој е умен човек.): претците ни се навистина заеднички, но заткарпатски, старословенски, а не бугарски (како што претендира бугарската мегаломанштина).“
Ванковска додава дека дека патриотите зафатени со роденденски забави и ифтар, социјалдемократите го остваруваат она за што ги обвинуваа вмровците. Жална Македонија! Гледате сега зошто не сме државотворен народ? Затоа што имаме вакви “лидери”, прислужници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст
-
За комплексите на насадениот министер Димитров
-
Ванковска: Бојкотирам сме ние, видливото мнозиноство од кое се плаши оваа забегана власт!
-
Ванковска: Она горчливо чувство кога кривичниот прогон не ти дава чувство на правда и сатисфакција!