| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија на патот Градско-Велес, почина возач

Околу 23.00 часот на автопатот Градско-Велес се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Мазда 626“ со велешки регистарски ознаки, управувана од 19-годишниот Н.З. од Велес и патничко возило „Цитроен АХ“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на В.А. од Куманово, а управувано од непознато лице.

Полицијата денеска за сообраќајката информира дека според пронајдената лична карта во возилото, можно е да се работи за 42-годишниот Б.С. од селото Псача, кривопаланечко. Во незгодата од здобиените повреди на местото починал возачот на возилото „Цитроен АХ“. Смрт е констатирана од страна на лекар од Здравствен дом Велес. Со телесни повреди се здобиле сопатниците од возилото „Мазда 626“, 46-годишниот С.З. и еден 16-годишник, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Општа болница Велес, а по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Велес.

По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција во институтот за судска медицина во Скопје.

Сообраќајот бил во прекин до 02.30 часот на 21.06.2017 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top