Претседателот на Србија Александар Вучиќ на девојката од Вршац која го истетовирала неговото име на рака и порача дека тоа било непотребно и дека е подобро „да работи и да постигне резултати” а на тој начин да се докаже.
Тој додал дека ја прашал шефицата на информативната служба на Српската напредна странка Владанка Маловиќ за кој се работи и дека добил одговор дека станува збор за прекрасна девојка.

Вучиќ се надева дека девојката нема да зажали поради тоа што го направила.
Инаку, Тијана Станимиров активистка на СНС од Вршац предизвикала лавина од коментари кога на социјалните мрежи објавија слика од тетоважа со името на српскиот претседател на својата рака.
Тијана вели дека тетоважата претставува израз на почитување на лидерот на СНС и претседател на Србија. Младата девојка изјавила дека стои зад својата тетоважа и дека одлуката да ја направи ја донела уште пред две години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


