Пратеничката Нола Исмајлоска – Старова на прес-конференција одржана денеска изјави дека новата влада не ги исполнува предизборните ветувања дадени пред граѓаните и оти се обидува да ги задуши граѓанските иницијативи.
Осврнувајќи се на граѓанската иницијатива за продолжување на породилното отсуство врз чија основа се поднесени и предлог-законски измени, Исмајлоска рече дека владата нема капацитет да им излезе во пресрет на барањата на граѓаните и да ги исполни дадените ветувања.
–Вчера во медиумите се појави извадок од Нацрт-записникот од Седмата седница на Владата на Република Македонија. Во него стои дека новата министерка за труд и социјална политика во владата на СДС, Мила Царовска, информира дека треба да се заземе негативен став и го одби барањето за продолжување на породилното отсуство поради наводни финансиски импликации. На овој начин, Царовска и СДС очигледно се обидуваат на секој можен начин да ја задушат граѓанската иницијатива, иако во предизборието на големо ветуваа дека токму граѓанските иницијативи секогаш ќе ја имаат нивната поддршка, рече Исмајлоска.
Таа апелира пратениците од власта да опстојат на нивните предизборни ветувања и да ја поддржат намерата за измена на Законот за работни односи за продоложување на рокот за породилното отсуство на мајките.
За потсетување предложените законски измени за коишто Царовска изнесе негативен став, се идентични со барањата на граѓанската иницијатива потпишана од 217 мајки.
–На крајот, прво како мајка, а потоа и како одговорен пратеник, во името на сите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, би сакала уште еднаш да апелирам и да ги повикам пратениците од СДС и нивната коалиција, да си опстојат на нивните предизборни ветувања и покрај негативниот став на нивната министерка, да се одважат и да ја поддржат намерата за измена на Законот за работните односи за продолжување на рокот за породилното отсуство на мајките, рече Исмајлоска-Старова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст