Поезија од десет македонски автори е објавена во антологијата „Словопринесување“што неодамна ја издаде Словенската литературна и уметничка академија.
Во антологијата се претставени плејада современи поети што пишуваат на словенски јазици меѓу кои се и македонските поети Бранко Цветкоски, Весна Ацевска, Влада Урошевиќ, Гордана Михаилова – Бошнакоска, Звонко Танески, Јовица Тасевски-Етернијан, Љубомир Груевски, Санде Стојчевски, Славе Ѓорго Димоски и Тоде Илиевски.
Антологијата ја состави бугарската поетеса Елка Њаголова, добитничка на единаесет национални и на неколку меѓународни книжевни награди, а илустрациите се на ликовната уметничка Даниела Зекина.
Изданието во петок ќе биде промовирано во Софија, претходно беше претставено во Варна, Москва и Берн. Претстојат презентации во Белград, Загреб, Задар, Варшава и Лондон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст