Охриѓани ќе го почекаат животот уште некоја година. Најверојатно и ќе го дочекаат, но на магариња, зашто изградбата на автопатската делница од Охрид до Кичево, која требаше да биде пуштена во употреба на почетокот на 2018 година, новата влада ќе ја пролонгира за неколку години.
Градежните работи на двете автопатски делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид се сопрени. Се работи за најградиозните и најобемните проекти кои ги започна владата на ВМРО-ДПМНЕ во времето на нејзиното владеење.
Образложнието за овој деструктивен потег на новата влада е дека за автопатот Кичево – Охрид трасата не била во ред, додека пак автопатската делница Миладиновци – Штип е стопирана заради наводни нерешени имотно-правни односи. Стручната јавност е изненадена од молскавичната експертиза што успеала да ја обезбеди новата влада и за толку кратко време да да прибере толку детални податици и да измери толку грешки. Никому не му е јасно како успеаја за само неколку дена да проверат дали нешто е во ред или не, кога тие автопати се градеа со месеци наназад и досега нив не беа пронајдени никакви пропусти и недоследности.
Очигледно е дека се работи за заткулисна игра, со која новата влада сака да направи манипулација како онаа кога тврдеше дека северната трибина на стадионот ќе се урне, а таа досега ниту се урна ниту пак покажа некои други слабости.
Пропагандната машинерија на Заев треба да обезбеди заблуда, со која јавноста ќе се оддалечи од главните причини за запирање на капиталните проекти.
Јавноста го прашува Заев дали му засмета изведувачот на овите проекти, кинеската компанија „Синехидро“, со подизведувачите, македонските „Гранит“ и „Бетон“, или пак сака да извлече пари од кинеската влада. Имено, двата автопата се градат со кредит од 500 милиони долари од кинеската Ексим банка, поради што и медиумите блиски до власта потенцираат дека се работи за кинески автопати.
Исто така, во овој контекст Заев треба да одговори дали Бејли веќе ја испорачал за наплата фактурата за сесрдната поддршка изминатиов период.
Новинариот и аналитичар Цветин Чилиманов на својот Фејсбук профил делумно ги разобличува задните намери на „реформаторите“ од тимот на Заев, потсетувајќи на нескриеното инсистирање на поранешниот американски амбасадор Рикер автопатите Скопје – Штип и Кичево – Охрид да ги изведува американската „Бехтел“, секако, за двојно повисока цена.
Заев не сакаше да открие кои се проблемите поради кои е сопрена изградбата на двата автопата, а ниту пак Горан Сугарески немаше подготвено детална информација зошто се е стопирано. Едноставно решено е да се стопира изградбата и толку. Ни зошто, ни колку ќе трае застојот, ниту дали и кој ќе ја продолжи градбата. Тоа што граѓаните ќе треба да плаќаат за хировите на Заев и неговите најблиски соработници, кои мислат само на својот џеб и интереси, на некого не му значи ништо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.