Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана и огранокот за Голо Брдо најостро ги осудуваат повторните посети на подрачја во Албанија, каде што живеат Македонци со цел реализација на образовни иницијативи за промоција на бугарско малцинство во Албанија.
Друштвото, како што се наведува, реагира во врска со посетата на подрачја во Албанија од страна на претседателот на Фондацијата „Бугарска памет“, Милан Врабевски, претседателот на Фондацијата „Решенија за иднината“ и поранешен бугарски претседател Росен Плевнелиев, како и европратеникот Андреј Ковачев, кој активно работи во Европскиот парламент за признавање на „бугарско малцинство“ во Албанија, и средбите со претставници на општините Корча и Билишта со цел „реализација на образовни иницијативи за промоција на бугарско малцинство во Албанија“.
– По кој знае кој пат ставаме до знаење дека Бугари во Албанија, а посебно во регионите Преспа, Голо Брдо и Гора, нема. Упатуваме најостри критики кон официјална Софија, која продолжува со агресивната антимакедонска политика и декларацијата за Македонците во Албанија како Бугари. Потсетуваме дека не само во споменатите области туку и на целата територија на Република Албанија, ниту живееле, ниту живеат Бугари, туку само Македонци. Уште еднаш нагласуваме дека Македонците во Албанија не се Бугари, стои во острата реакцијата на Друштвото, потпшана од претседателот Никола Ѓурѓај и претседателот на огранокот за Голо Брдо, Или Халилај.
Од името на сите Македонци кои живеат во Албанија, Друштвото „Илинден“ од македонската Влада бара да упати остар демарш до Брисел и Софија за антимакедонската политика и преименувањето на Македонците во Албанија во Бугари.
Антимакедонизмот на Софија, стои во реакцијата, го сметаме за груба повреда на меѓународното право, Универзалната декларација за човековите права и слободи и Повелбата на Обединетите Нации, за геноцид врз македонскиот народ и злосторство против човештвото.
– Апелираме до Брисел за активни мерки против денационализаторската политика што веќе неколку години организирано ја води Софија со незаконско издавање на бугарски државјанства на Македонците во Албанија и во Македонија, со услов писмена декларација за „бугарско потекло“, иако Македонците се принудени на тоа заради емиграција во западно-европските земји од социо-економски причини, а не заради живот во Бугарија како Бугари, се посочува во реакцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст