Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае Ин, изјави дека Северна Кореја мора да сноси голема одговорност за смртта на американскиот студент Ото Вармбир кој речиси година и половина беше во притвор во Пјонгјанг.
Мун Џае Ин во интервју за американската телевизија „Си-Би-Ес“ рекол дека иако со сигурност не знае што точно се случило, може да се шпекулира дека Северна Кореја „неправедно и лошо постапувала кон Вармбир“.
– Смртта на 22-годишниот студент покажува дека во Северна Кореја владее ирационален режим, рекол Мун Џае Ин и додал дека дијалогот со Пјонгјанг и понатаму е потребен затоа што санкциите и притисокот не довеле до решавање на нуклеарното прашање.
Вармбир во март минатата година беше осуден во Северна Кореја на 15 години затвор и принудна работа затоа што украл пропаганден плакат. Ден после судењето падна во кома, а минатата недела „од хуманитарни причини“ бил испратен дома. Тој почина вчера во болница во Синсинати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ако незнаете каде да одите на одмор, еве предлог: Вака изгледа летување во Северна Кореја!
-
Средбата на првите дами на Северна и Јужна Кореја ја засени онаа на Меланија и Брижит
-
Ким Јонг Ун: Американската територија е во опсегот на нашето нуклеарно вооружување, а копчето за негово активирање е секогаш на мојата маса
-
Северна Кореја се подготвува да лансира разузнавачки сателит