| четврток, 6 декември 2018 |

Јанев прашува: Дали тоа што е стопирана изградбата на автопатот Кичево – Охрид е „Живот“за граѓаните на Охрид?

Дали тоа што е замрена изградбата на автопатот Кичево – Охрид преставува „Живот“за граѓаните на Охрид и на овој дел од Република Македонија – за Владата предводена од СДС, не знаеме, но со сигурност знаеме дека на овој автопат мора да бидат продолжени градежните активности, истакна на денешната прес-конференција Ангел Јанев, советник во општина Охрид од ВМРО-ДПМНЕ.

Според Јанев, негативниот пристап кон капиталните проекти кои што се започнати во време на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е непотребени не е во полза на никого.

– Политичката разлика помеѓу она што ВМРО ДПМНЕ го ветуваше, реализираше и даваше отчетност и она што владата на СДС го прави е очигледна, но ни под разно не треба да е на штета на граѓаните на Кичево, Дебрца и најмалку на Охрид. Имањето и завршувањето на државните капиталн проекти од овој тип, сигурно ќе бидат причини повеќе за многу одлуки за останување, работа, развој и живеење на голем број на млади во овој дел на Р.Македонија – рече Јанев.

Според советникот на ВМРО ДПМНЕ, во пресрет летната туристичка сезона, во Охрид, замрена е работата на трасата од автопатот Охрид – Кичево.

Пред неколку години, на радост на граѓаните од овој дел на Република Македонија започна проектот кој беше ветен од страна на ВМРО ДПМНЕ и ревносно и во континуитет неколку години имаше постојана и видлива реализација, автопатската делница од Кичево до Охрид, Капитален проект кој претставува комплетно нов пат во должина од 57 километри и широчина од 26 метри кој исто така претставува дел од Паневропскиот коридор 8.

Сигурно не треба да се укажува на значајноста и потребата на овој нов автопат за луѓето/патниците кои гравитираат околу Кичево, Дебрца, Охрид и цела Македонија.

Сигурно не треба да се укажува дека овој автопат треба/требаше да биде од огромно значење и за домашните и странските туристи.

Говориме требаше, бидејќи деновиве сме сведоци дека градежните активности на се она што треба да претставува автопат се замрени – изјави Јанев.

Тој во името на голем број на граѓани на Охрид, Дебрца, … прашува: Зошто се прекинати градежните активности на оваа автопатска делница?

  • Воедно, бараме продолжувањето на изградбата и завршување на автопатот до крајниот рок, бидејќи токму овој проект, автопат Кичево – Охрид е проект кој е потребен за сите – заврши Јанев.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top