| четврток, 6 декември 2018 |

Го пробол во срцето – младо момче се бори за живот на скопските клиники

Половина час пред полноќ пред угостителски објект во близина на споменикот на „Скендер-бег“ во Скопје, непознати лица со остар предмет му нанеле убодна рана во пределот на срцето на младо момче од Грчец. Се работи за 24-годишниот М.Б. од селото Грчец, Скопско, кој бил пренесен во Клинички центар Скопје, каде што му била укажана лекарска помош.

Полицијата денеска информира дека момчето се наоѓа во животна опасност.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top