
Беше позната по крзното, бундите и чантите со врвен дизајн, а почина на 80-годишна возраст од животот.
Италијанската модна креаторка Карла Фенди и почесен претседател на Фенди групацијата почина вчеравечер. Карла, која заедно со четири сестри успеа продавниците за крзно во Рим да ги претвори во светска модна куќа, го напушти овој свет како големо име во модната индустрија по неколкумесечно боледување.
Карла и нејзините сестри Паола, Ана, Франка и Алда во 1965 година го ангажираа дизајнерот Лагерфелд, кој им креираше женска линија, а оттогаш Фенди стана најпознатиот крзнен бренд на светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


