Најмалку 19 деца дневно гинат или се ранети од огнено оружје во САД, при што на најголем ризик се изложени момчињата, тинејџерите и Афроамериканците, покажува извештајот на американскиот Центар за контрола и за превенција на болести, објавен во списанието „Педиатрикс“.
Извештајот се заснова на податоци од посмртници и болнички документи за периодот 2002-2014 година.
Констатациите во истражувањето појаснуваат зошто стручњаците го разгледуваат насилството со огнено оружје како закана за јавното здравје. Годишно 1.300 малолетни лица го губат животот од такво оружје, а околу шест илјади се здобиваат со несмртоносни рани.
Во најголем дел од смртните случаи станува збор за убиства или самоубиства, а вооружените напади се главна причина за здобивањето рани што не се опасни по животот кај децата.
Според Катрин Фаулер, раководител на истражувањето од американскиот Центар за контрола и за превенција на болести, овој извештај е „основа за разбирање на проблемот и за разработка на солидно научно решенија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст