146 македонски компании од 1 јули годинава слободно ќе излезат на пазарот на електрична енергија. Компаниите се информирани и подготвени што ќе се случи со процесот на либерализацијата, соопшти претседателот на Македонската енергетска асоцијација, Кочо Анѓушев. Според него, од неа корист ќе имаат компаниите бидејќи цената на струјата постојано се намалува на берзите, што како ефект ќе се почувствува и во македонската индустрија.
– Очекуваме дека со примената на либерализацијата на пазарот на електрична енергија трошокот за енергија кај овие компании просечно ќе се намали за 20 до 25 проценти – рече Анѓушев, посочувајќи ја цената за следната година на Унгарската берза од 41,5 евра.
Анѓушев посочи дека компаниите немаат голема обврска за подготовка, односно дека нема потреба за посебни сектори во компаниите. Пазарот , истакна Анѓушев, ќе направи компаниите да добијат електрична енергија, а снабдувачите да ги преземат сите други обврски.
Во Македонија се регистрирани 50 компании за снабдување со електрична енергија, со над 50 вработени и со приход над 10 милиони евра годишно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.