| четврток, 6 декември 2018 |

И тоа се случи – Слаткаристика нема да пцуе во новата песна

Во средата, за среќно да му тргне, Слаткаристика го почна снимањето на видеозаписот за новата песна со наслов „Добро да е!“

Песната со позитивна порака ја работеше врз електронскиот звук на продуцентот Ивајо, со кој најавуваат летен хит за сите уши.

– Што е многу чудно за другите, паметно и фино, а различно и поинакво за мене, ова е прва песна во која не пцујам – изјави Слаткаристика.

-ö-+-¦-Ç-+ -¦-¦ -¦ 1

„Добро да е!“ е нова, досега неиздадена песна од Слаткаристика, која ќе се промовира заедно со новиот видеозапис, кој го работи „Томато продукција“. Видеото опфаќа интересни ликови и ситуации и се снима неколку дена на различни локации. ТВ промоцијата ја очекуваме за десетина дена, а спотот ќе има и своја интернет промоција на официјалниот „Јутјуб“ канал на Слаткаристика и на неговата фан-страна на „Фејсбук“ .

За „Добро да е!“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top