| четврток, 6 декември 2018 |

Србија отвора две нови поглавја од преговорите за членство во ЕУ

Србија денеска во Брисел ќе ги отвори поглавјата 7 и 29 од преговорите за членство на земјата во ЕУ, јави Танјуг.

Српската делегација на преговорите ќе ја предводи министерката за евроинтерграции Јадранка Јоксимовиќ, која изјави дека поглавјата за авториските права и интелекталната сопственост и за царините се особено важни теми за Србија.

– Тоа е нашто што ќе придонесе за развој на економијата базирана на знаење- рече Јоксимовиќ во пресрет на денешната шеста по ред преговарачка конференција меѓу Белград и Брисел.

Ова е второ отворање на нови поглавја од преговорите меѓу Србија и ЕУ годинава, откако во февруари исто така беа отворени две поглавја. По денешната конференција, Србија ќе има отворено 10 од вкупно 35-те поглавја од договрот за членство во ЕУ.

– Имиџот е многу важен. Тој лесно се расипува, а тешко се поправа. Мислам дека ние го поправивме, порача Јоксимовиќ во пресрет на денешните преговори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top