| четврток, 6 декември 2018 |

СДС им ја ускрати можноста за студирање на 620 студенти

Оваа година ќе нема бруцоши на дисперзираните студии на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Министерството за образование предводено од новата влада и Зоран Заев го укинува уписот на дисперзирани студии на УКИМ за оваа година.  Покрај тоа што годинава нема да има упис на дисперзирани студии на УКИМ, од Министерството за образование и наука соопштуваат и дека одредени дисперзирани студии на другите Универзитети се редуцирани.

Минатата година од МОН биле понудени 620 места, а оваа година нема да има понуда, бидејќи СДС реши да ги укине дисперзираните студии.

Што укинува СДС:

ФИНКИ
Дисперзирани студии по информатика во Тетово – понудени 50 места.

Машински факултет
Дисперзирани студии по производно инжинерство во Кавадарци – понудени се 80 места. Дисперзирани студии по производно инжинерство во Струга – понудени се 80 места

Технолошко металуршки факултет
Дисперзирани студии по металургија, дизајн и менаџмент во Кавадарци – понудени се 80 места,
Дисперзирани студии по конфекциско инжeнерство во Крива Паланка – понудени се 80 места,

Економски факултет
Дисперзирани студии по е-бизнис во Тетово понудени се 30 места,
Дисперзирани студии сметководство и ревизија во Велес – понудени се 30 места

Правен факултет
Дисперзирани правни студии во Тетово – понудени 30 места,

Факултет за земјоделски науки и храна
Дисперзирани студии по градинарство и цвеќарство (8 семестри) во Гевгелија – понудени се 80 места,
Дисперзирани студии по производство и преработка на тутун (8 семестри) во Прилеп – понудени се 80 места,

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top