| четврток, 6 декември 2018 |

Еве што навистина се случувало во оваа куќа…

Информација за незапаметеното злосторство ја потресе цела Србија.
Во поткровјето од оваа куќа во Аранѓеловац, полицијата пронашла 10 мигранти, измачени, изгладнети и евидентно претепани.

Полицијата ги уапсила Драган В. и неговиот зет Срѓан, кои биле учесници во овој хорор. Но, според неофицијални информации, голем дел од оваа драма воопшто и не бил вистина.

Мигрантите биле на таванот, но никој не ги малтретирал ниту мачел, тие чекале погоден момент за депортација до некоја граница. Драган им земал од 500 до 3.000 евра за криумчарење.

Имало десет мигранти од кои осум малолетни.
Според деталната полициска истрага установено е дека мигрантите воопшто не се мачени, така што Драган и Срѓан се обвинети само за криумчарење на луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top