| четврток, 6 декември 2018 |

Загина скокајќи во Нијагара по втор пат

Американецот Кирк Џонс, прв кој без заштита го изведе „скокот на смртта“ од врвот на Нијагарините водопади во 2003 година, загина во обид повторно да го изведе скокот, овој пат во топка на дување.

Телото на 53 годишниот Џонс е најдено во реката Нијагара.Официјално, полицијата соопшти дека човек се обидел да скокне од водопадот на американско канадската граница, висок 51 метар. Топката на дување која ја користел е најдена во подножјето на водопадот.

Џонс во 2003 година скокна во водопадот без никаква заштита и за чудо преживеа. По скокот допливал до карпите близу обалата каде го пронашле спасителите.

-Имаше вртлози, Разбирам зошто луѓе умираат, тешко е да се извлечеш- посочи тогаш Џонс.

Претходно неделава Американката Ерендира Воленда висејќи од хеликоптер, изведуваше акробации 90 метри над водопадот. На тој начин ја прослави петгодишнината од подвигот на нејзиниот сопруг Ник кој што Нијагарините водопади ги мина одејќи по жица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top