Оваа година ќе нема бруцоши на дисперзираните студии на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Министерството за образование предводено од новата влада и Зоран Заев го укинува уписот на дисперзирани студии на УКИМ за оваа година.
Покрај тоа што годинава нема да има упис на дисперзирани студии на УКИМ, од Министерството за образование и наука соопштуваат и дека одредени дисперзирани студии на другите Универзитети се редуцирани.
Со ваквата скандалозна одлука на новата влада на СДСМ и Заев се скратува правото за дисперзирани студии и со истата им се нанесува директна штета на младите.
Дополнително, со ваквата одлука им се ускратува правото на студирање на многу млади луѓе кои немаат средства да патуваат и престојуваат во други градови и директно се влијае на изумирање на градовите. Со ваквата одлука, идните студенти се изложуваат на трошоци.
Инаку, за оваа година вкупно 26 105 места се слободни за упис на државниот унверзитет. Од кои скоро 14 000 места за редовни студенти во државна квота, над 8000 за редовни студенти со кофинансирање и 3785 места за вонредни студенти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.