Телото на Слободанчо Петровски, продавач во продавница за авто делови во Карпош 4 во Скопје, е пронајдено ноќеска, 45 минути по полноќ.
44-годишниот Слободанчо по работа не се вратил дома, па неговата сопруга загрижено почнала да го бара на телефон. Тој не и се јавувал и сопругата побарала помош од сопственикот на дуќанот за авто-делови. Бидејќи Слободанчо заклучил одвнатре, тие не можеле да влезат. Ја обиле вратата од дуќанот и го пронашле телото на починатиот.
Полицијата го истражува случајот, а од досегашните информации, нема траги од насилство по неговото тело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Трагедија во Скопје: Маж пронајден мртов во куќа
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје


