Американскиот режисер Џон Г. Авилдсен, добитник на Оскар за режија на првиот „Роки“, почина на 81-годишна возраст, објавија американските медиуми.
Режисерот починал од рак на простатата во болница во Лос Анџеелс, изјавил неговиот син Ентони.
Џон Авилдсен во 1977 година го освои Оскарот за режија за нискобуџетниот филм „Роки“, со тогаш младиот актер Сивлестер Сталоне во ролјата на сиромашен боксер.
– Мислам дека Роки на луѓето им даде надеж, а никогаш нема подобро чувство од тоа – изјави тогаш Авилдсон.
Уште еден негови филм од кој не се очекуваше многу „Карате Кид“, оствари блескав успех и поттика снимање на уште две продолжение, како и со „Роки“ од кој го режираше и петтото.
– Сигурен сум дека наскоро ќе режираш во рајот. Ти благодарам, Слај – напиша Сталоне на инстаграм.
Ралф Мачио, ѕвездата на „Карате Кид“, пак, напиша дека Авилдсен бил раката водилка којашто му ги променила животот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст