| четврток, 6 декември 2018 |

Кина се врзува за „златните години“ на Јужна Америка

CHINA-MEXICOЈужна Америка го живее „златниот век“, оцени кинескиот претседател Сји Џинпинг од Мексико при турнејата по јужноамериканскиот континент. Тој побара зајакнување на економските врски со Кина. Кинескиот претседател пред мексиканскиот Сенат изрази уверување дека кинеската економија ќе го задржи својот брз ритам на раст, а следните 5 години ќе инвестира повеќе од 500 милијарди долари во странство.

Пекинг во последните години развива активна трговска политика и политика на инвестиции во Јужна Америка. Според Економската комисија за Јужна Америка и Карибите, од 2016 година Кина ќе го заземе местото на Европската унија како втор најголем пазар за извоз од Јужна Америка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top