Американскиот разурнувач „Фицџералд“ се судрил со трговски брод, што пловел под филипинско знаме, блиску до јапонскиот брег.
Медиумите во Токио јавија дека, при инцидентот се повредени три лица, додека седуммина се водат како исчезнати.
Инцидентот се случил синоќа, во 02.30 часот по локално време, на отворено море, на 103 километри, југозападно од јапонскиот град Јокосука.
Според јапонската телевизија „НХК“, што емитувала снимки направени од хеликоптер, на американакиот воен брод, има сериозно оштетување, на едната страна.
Командата на бродот побарала помош од јапонската крајбрежна стража и јавила дека има повредени меѓу персоналот на разурнувачот.
Во „Фицџералд“ навлегла вода и делови од бродот биле поплавени, но тој на сопствен погон се движи кон пристаништето Јокосука.
Трговскиот брод нема поголеми оштетувања.
Јапонската крајбрежна стража трага по исчезнатите лица.
Засега е нејасно како се случил инцидентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст