Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски упати телеграма со сочувство до канцеларката на Сојузна Република Германија, Ангела Меркел по повод смртта на поранешниот германски канцелар Хелмут Кол.
– Со жалење и тага ја примив веста за смртта на поранешниот германски Канцелар Хелмут Кол. Ова преставува загуба за целиот германски народ и за германската држава, како и загуба за Европската Унија во чија изградба и раст се вгради со своето дејствување и работа, стои во телеграмата.
Кол, се посочува, беше промотор на ширење на европската интеграција кон источна Европа, како и архитект на еврото и почитувач на десничарските вредности.
– Обезбеди и напредок и развој на Германија и на Европа со што се запиша меѓу најмаркантните политички фигури од минатиот век. Кол имаше и значајна улога во стекнувањето на независност на Република Македонија, подржувајќи го процесот на нејзино осамостојување и натамошен развој, се наведува во телеграмата од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст