| четврток, 6 декември 2018 |

Србија: Познат политичар мамел малолетнички на секс – неговата изјава е шокантна

57-годишниот Срба Цветановиќ, локален политичар од Србија, е обвинет за педефолија, откако праќал недолични пораки на малолетнички. Српските медиуми пренесуваат дека тој на малолетни девојчиња на социјалните мрежи им пишувал дека ги сака голи во кревет и тоа подобро да се согласат отколку да биде на сила.

Јавноста е веќе запознаена со овој случај, а политичарот во своја одбрана вели дека е лага тоа дека девојките биле малолетни, туку сите биле полнолетни, околу 20 годишна возраст и вели не сум склон кон педофилија, јас сум семеен човек.

– Им смета што сум политичар и тоа успешен, па сакаат да ме наместат, јас не сум педофил, девојките имаа 20, 21, 22 и 37 години, вели тој.

Српските медиуми пишуваат дека е навистина срамно неговото тврдење, особено по пораките кои излегоа во јавноста, по што тој тврди дека е семеен човек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top