Романецот Г.Г. (30) заработи кривична пријава од СВР Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело измама. На 7.4.2017 година, во 9.50 часот на ул.„Галичица“ во Охрид, пријавениот го пресретнал Б.Т. (83) во с.Негорци, Гевгелиско, лажно му се претставил дека доаѓа од Унгарија и дека вршел презентација на тенџериња и на тави во Битола, по што, бесплатно, на оштетениот му дал комплет тенџериња и тави под изговор дека не можел да ги враќа предметите.
Откако продолжиле со разговор, Г.Г. на оштетениот му побарал да му позајми 550 евра за да си купи авионска карта. Откако му побарал уште 550 евра и бил одбиен од оштетениот, пријавениот зел 550 евра (33.000 денари) и се оддалечил во непознат правец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Падна уште еден функционер на СДСМ во Прилеп: Присвоил над 8 милиони денари
-
Лажен доктор му понудил помош и му зел пари – Скопјанец остана без 12.000 денари
-
Тетовка измамила пет лица за 2 500 евра: Лажела дека е пријателка на Оливер Спасовски и нудела работа во јавна администрација
-
Тетовка ветувала вработувања во администрација, пет лица останале и без пари и без работа