Високата телесна температура во бременоста за 34 отсто ги зголемува шансите за појава на аутизам кај децата. Овие истражувања се објавени во стручното списание „Molecular Psychiatry “ и се добиени откако биле испитани 95.754 деца родени во Норвешка меѓу 1999 и 2009 година.
Истражувањето спроведено на Универзитетот „Колумбија“ во Њујорк сугерира дека ризикот од аутизам е дополнително зголемен за 40 отсто кај децата чии мајки имале висока температура за време на вториот триместар од бременоста.
Кај децата чии мајки имале најмалку трипати зголемена телесна температура по 12. недела од бременоста, ризикот за појава на аутизам бил зголемен за 300 отсто.
Според податоците за САД, пореметувања со аутистичен спектар се присутни кај едно од секое 68 дете.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.